Постигнато решение за полагање матура

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Премиерот Зоран Заев и претседателот на Сојузот на средношколци Бленди Ходаи денеска на прес конференција посочија дека постигнато е квалитетно компромисно решение со кое се гарантира квалитет на матурскиот испит.

 

„Најдовме квалитетно решение со средношколците. Следејќи го примерот на останатите држави, за нас е прифатливо се што е во нивна полза. Свесни сме дека ова е време на пандемија и беше потребно да излеземе во пресрет. Матурата ќе започне една седмица подоцна. Претставниците на Сојузот на средношколците ги дадоа своите предлози со издржани аргументи, а и тие ги сослушаа нашите предлози. Ги охрабрувам да продолжат да бидат гласни за секое прашање од нивен интерес. Научивме многу и прифативме многу дури и од луѓе како средношколците. Се договоривме за 2 екстерни испити, додека за третиот екстерен испит се согласивме да се трансформира во интерен испит. Вака ниту еден матурант нема да има проблем да се запише на некој од домашните или странските престижни универзитети. Се договоривме и за формирање на работна група меѓу Бирото за развој на образование во надлежност на МОН и Сојузот на средношколците каде ќе се одлучува за кратење на програмите за екстерните испити“, изјави Заев.

 

Групата ќе биде составена од претставници на Бирото и Сојузот, како и наставници номинирани од Сојузот на средношколците. Со работната група ќе претседава претставник од канцеларијата на претседателот на Владата и целиот овој процес треба да заврши до средината на март.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video