Царовска: Дуалното образование создава поквалитетни кадри – МОН ќе ги стипендира средните стручни училишта

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Компаниите во анкетата која што ја правеше Министерството во соработка со Швајцарската амбасада се утврди дека голем дел од компаниите имаат потреба и можност да се вклучат во заедничко спроведување на образованието во средните стручни училишта. Тоа би значело воведување на еден дуален систем, но исто така и голем дел од компаниите истакнаа дека би ги отвориле своите врати за феријална пракса за ученици од средните стручни училишта, истакна денес во Прилеп министерката за образование Мила Царовска.

 

„На овој начин, преку овој дијалог сакаме да создадеме доверба помеѓу училиштата и компаниите на локално ниво, но исто така и да профилите кои ќе ги отвориме во средните стручни училишта за 2021/22 како учебна година да бидат според нивните потреби и да се трудиме да што поголем број од учениците кои што ќе се запишат во тие струки да понатаму имаат пракса во компаниите. На тој начин компаниите добиваат можност и да го спремаат својот иден кадар и да вложувањето го направат во образованието, а не во постобразовниот процес. На тој начин имаме и поквалитетни работници, но исто така и ученици кои ќе бидат поспремни за своите идни работни места“, рече Царовска.

 

Според Царовска, МОН дополнително ќе ја поттикне заинтересираноста на учениците за запишување во средните стручни училишта и преку воведување на стипендии, кои што нема да се косат со можните стипендии кои компаниите исто така ќе ги даваат во средните стручни училишта.

 

Министерката за образование истакна дека процесот на дуално образование не е нов во нашата држава, странски инвеститори, но и домашни компании веќе имаат склучено соработка со средните стручни училишта.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video