Две жени се маскирале во баби за да се вакцинираат

 

 

Две жени од Флорида се маскирале како баби за да се вакцинираат против коронавирусот, соопштува Министерството за здравство на Флорида во округот Оринџ.

 

„Нивниот „луд изглед“ вклучуваше ракавици, очила, качулка… мислеле на целосниот изглед“, кажува д-р Раул Пино, директор на Министерството за здравство на Флорида во округот Оринџ.

 

Работниците во конгресниот центар забележале дека двете баби изгледаат невообичаено и ги запреле пред да ги примат вакцините.

 

„Имало проблеми со документите кои што двете баби ги покажале – и со личните карти и возачките дозволи“, додава Пино.

 

„Бабите“ дошле по втора доза од вакцината. Засега, ее е познато како успеале да ја добијат првата доза и дали го користеле истиот трик.

 

Инцидентот им бил предаден на локалните власти, а жените добиле опомена. Едната има 44, а другата 34 години.

 

Пино додава дека бројот на луѓе кои се обидуваат да го фалсификуваат својот идентитет за да се вакцинираат е многу поголем отколку што тие очекувале. Како резултат на тоа, властите ја зголемиле безбедноста на местата за вакцинација, известува „Њујорк Пост“.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи