ВИДЕО – Македонија е пример во регионот по раст и развој на извидништвото чие мото е „Да градиме подобар свет“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Корона пандемијата не научи дека животот без авантура е многу досаден. Ако ја сакате природата, ако сакате спортување, истражување, тогаш дефинитивно треба да станете извидник. По повод Денот на извидниците 22 февруари, поразговаравме со Ана Плетварец, член на старешинството и водач во Извидничкиот одред „Феникс“ и Ивана Сурлаџиоска, началник во истиот одред.

 

 

 

Ивана, што е „Феникс“ и која е мисијата на овој одред?

 

Извидничкиот одред „Феникс“ од Прилеп претставува здружение каде што може доброволно да пристапи секој, што би рекле ние од 7 до 77 години, односно тоа е здружение каде што може се зачленат сите оние кои што се љубители на природата и љубителите на авантурата, односно секој оној кој сака да изгради подобар свет. Патем, тоа е нашето мото, да градиме подобар свет.

 

Што е потребно за еден човек да стане извидник, кој се може да биде извидник?

 

Како што и претходно нагласив, извидници може да бидат сите кои ја сакаат природата и кои сакаат да креираат и да градат подобар свет, преку волонтирањето се разбира, од 7 до 77. Моментално имаме програма според која што работиме и започнуваме да работиме со деца од 7 години, па се нагоре.

 

Колку членови моментално брои вашиот одред?

 

Нашиот одред моментално брои 90 членови, кои се распределени во различни категории.

 

Ана, каква е соработката со другите одреди во Македонија и колку е развиено извидништвото во Македонија?

 

Да, секако дека соработуваме и со другите одреди и токму заради тоа и се развива извидништвото во Македонија. Можам да кажам дека доста е развиено, но сепак се работи и на понатамошен раст. Ние навистина како држава претставуваме и пример во регионот за раст во извидништвото. Секако соработуваме со другите одреди, сите имплементираме некакви заеднички активности, но секој во својата локална заедница. Сепак Сојузот на извидници, како наша чадор организација не води за сите ние заедно да ја оствариме нашата мисија.

 

Секоја година на 22 февруари се одбележува Светскиот ден на извидниците. Секоја година вие организирате свечена церемонија на која што новите членови даваат завет. Со оглед на ситуацијата во која се наоѓаме сега, какви се плановите, дали ќе се реализира оваа церемонија?

 

Малку сме во потешки услови сега поради пандемијата, но мора да продолжиме со нашите активности. Годинава заветот малку го поместивме, вообичаено секоја година го организираме околу 22 февруари, Денот на извидниците, но годинава го поместивме и ќе го спроведуваме од прилика на средината на март, поради тоа што временските услови сега се малку полоши, малку е поладно времето па затоа малку го одложивме. Сепак се надеваме дека ситуацијата со пандемијата малку ќе спласне. Инаку за да го одбележиме овој ден, 22 февруари, испланиравме некои други активности, а тоа е активност која ја прави секој одред во Македонија, „Направи добро дело“. Нашиот одред одлучи да направиме таква акција и денес ја спроведуваме тука на лице место, делиме бесплатен топол чај за граѓаните да се згреат. Исто така со чајот одат и пораки кои што би му го разубавиле денот на граѓаните и имаме уште една мала активност, а тоа е да нахраниме бездомни животни. Имаме и друга активност за нашите членови, ќе имаме стаза со контролни точки низ центарот на градот, на секоја контролна точка ќе има некои предизвици и нашите членови ќе бидат поделени во екипи и нивна задача ќе биде да ги најдат тие контролни точки и секако да ги извршат предавниците. Истата акција ќе се спроведува како што кажав и во другите градови и во другите одреди во Скопје, Штип, Кавадарци, Кичево, Охрид итн.

 

Ивана, корона пандемијата не помести од оската по која што се вртевме, како ги реализирате и какви ви се плановите за да ги реализирате следните активности. Дали и колку ви попречи корона пандемијата во активностите кои ги планирате?

 

Точно така, целата ситуација со корона вирусот ни постави едно големо ембарго во работењето на нас како одред, но и воопшто како организација бидејќи извидниците се за да бидат во природа, за да извидат, а малку потешко функционираат онлајн преку интернет. Она што би можела да кажам за наредни планови е дека во најскоро време ќе организираме свечено давање на заклетва на новите извидници и нашата соработка би сакала тука да ја нагласам со Спасителната служба „Златоврв“, која ја одбележа минатата година заедно со организирање на фестивалот „Плетвар аутдор фестивал“. За сите останати активности кои ги планираме во нареден период искрено не би знаела да дадам точна информација баш заради движењето на корона вирусот и да видиме каква ќе биде состојбата со истиот.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video