ВИДЕО – Тутунарите бараат промени во Правилникот и откуп на сите количини, а дури потоа склучување нови договори

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Се додека не се откупи целиот тутун и не се случат промени во Правилникот за тутун нема да дозволиме да се склучуваат договори за новата реколта. Ова беше една од главните точки која денеска се усвои на Собранието на Сојуз на земјоделски здруженија кое се одржа во Прилеп. Претседателот, Менде Стомароси нагласи дека некои откупувачи веќе започнале да нудат договори на тутунарите. Стомнароски истакна дека тие како Сојузот бараат откупот да се одвива во три класи, а четвртата да биде збирна класа, исто така бараат и зголемени цени на откупот.

 

 

Откупувачите нудат предлог договори, а ние од министерот за земјоделство и од инспекторатот бараме да се донесе одлука да се одложи потпишувањето на договорите за новата реколта тутун. Тоа да се одложи додека не се откупи сиот тутун и додека не седнеме да преговараме, заедно со откупувачите, со Министерството за земјоделство, инспекторатот и Стопанската комора за текстот на договорот и за измена на Правилникот. Во новиот Правилник бараме: тутунот да се цени во три класи (прва, втора и трета), четвртата да биде збирна класа. Во првата класа да влезе и горниот среден лист, или поинаку речено третата берба со листовите до 16 сантиметри, а подбирот да биде во третата класа, а четвртата да биде збирна во која ќе влезе се што е оштетено, за да нема проблеми како годинава кога се ценеше според шифри. Со измените на Правилникот предлагаме и одбитокот да се проценува според класите: за првата да биде 1 насто, за втората 2, а за третата класа 3 насто, или вкупно за сите класи да не биде поголемо од 4 проценти. освен тоа, бараме и зголемување на цената по класи: за прва да биде 280, за втората 220, за третата класа цената да биде 170 денари, а четвртата, збирната класа да биде 90 денари за килограм. Сите компании кои ќе откупуваат да имаат исти цени за да не се создадат проблеми повторно, објаснува Стомнароски.

 

За овие заклучоци во понеделник ќе ги известеле Министерот за земјоделство, Инспекторатот, Стопанската комора и откупувачите, заедно со тутунопроизводителите да одржат јавна дебата во Прилеп на 28 февруари за да се ислушаат сите овие нивни барања.

 

Инаку за моменталната состојба Стомнароски вели дека моментално биле откупени 23.000 тони тутун. Освен тоа фирмите најавиле дека ќе откупат уште 2.500 тони, вишок тутун, и тоа да биде што побрзо, барем во законскиот рок до крајот на февруари и веднаш да се достави и картонска амбалажа. Тутунарите побараа и картонска амабалажа затоа што немале во што да го пакуваат тутунот.

 

Нашите пресметки за вишокот тутун се од 2.000 до 2500 тони и очекуваме да не остане ниту килограм вишок тутун, доколку откупувачите го исполнат ветеното. Но ветија дека ќе достават и картонска амбалажа, затоа што има луѓе кои немаат картони и неможат да си го спакуваат тутунот. Затоа ги повикуваме и министерот за земјпделство ии откупувачите од понеделник да почнат да делат картонска амбалажа и вишокот да се преземи, барем до крајот на законскиот рок на откупот, 28 февруари, а не да остане и ситуацијата да се развлекува. Некои фирми уште во текот на вчерашниот ден почнаа да преземаат вишок тутун, но првата берба и четвртата класа им ги враќаат и не им ги земаат. Го земаат само поквалитетниот тутун, а рекоа дека ќе го откупуваат вишокот, без разлика на берби. Бараме од понеделник да не се затвората пунктовите, вишкот тутун да се преземе што може побрзо, изјави Стомнароски.

 

Инаку тутунарите се пожалија на целокупниот досегашен откуп на тутунот.

 

Целиот тек на откупот годинава беше лош. крајот е уште полош зашто откупувачите гоземаат само поквалитетниот тутун, според шифри, а другиот го враќаат. Откупувачите ги зедоа горните берби, а долните ги враќаат. Прв пат е оваа година за долните берби да се исполнат шифрите и да не го вратат тутунот“, вели Сулејман Абази, тутунско здружение „Зелен лист ориентал“ од Крушево.

 

Откупот и во радовишкиот регион се одвива отежнато. Наша проценка е дека на теренот има уште 500 до 600 тони тутун. Луѓето многу се заинтересирани да им се откупи тутунот што поскоро. Сега проблем се јавува со недостигот од картонска амбалажа, но се надеваме дека откупните фирми ќе се држат до ветувањето , објаснува Јован Ердоганов, од здружението „Ориентал табак“ од Радовиш

 

„Во Долненска општина има уште за откуп околу 1 500 тони, а 50% е со договор. На тутунарите не им се зема сиот род, туку само поквалитетните берби, другото им се враќа назад, смета Муса Ибраимоски од здружението „Златен лист“ од Долнени.

 

Инаку, Министерството за земјоделство најави пролонгирање на откупот до крајот на март.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи