Бесплатен топол чај, позитивни пораки и хранење на бездомни животни во пресрет на Денот на извидниците

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Во пресрет на Денот на извидниците, 22 февруари, Извидничкиот одред „Феникс“ од Прилеп ја организираше акцијата „Направи добро дело“ во чиј состав се делеше бесплатен топол чај за граѓаните, а се нахранија и дел од бездомните животни во центарот на градот.

 

„Нашиот одред одлучи да направиме една ваква акција и денес истата ја спроведуваме тука на лице место, делиме бесплатен топол чај за граѓаните да се згреат. Исто така со чајот одат и пораки кои што би му го разубавиле денот на граѓаните и имаме уште една мала активност, а тоа е да нахраниме бездомни животни. Тоа е за денес, а утре имаме друга активност за нашите членови, ќе имаме стаза со контролни точки низ центарот на градот, на секоја контролна точка ќе има некои предизвици и нашите членови ќе бидат поделени во екипи и нивна задача ќе биде да ги најдат тие контролни точки и секако да ги извршат предизвиците. Истата акција ќе се спроведува и во другите градови и во другите одреди во Скопје, Штип, Кавадарци, Кичево, Охрид итн“, рекоа од Извидничкиот одред „Феникс“.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video