Компанијата Дрекслмајер донираше апарат за новата лабораторија на Центарот за јавно здравје во Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Компанијата Дрекслмајер од Кавадарци донираше нов апарат „AB Genix“ за опремување на молекуларната лабораторија во склоп на лабораторијата за микробиологија во ЦЈЗ Прилеп. Апаратот, соопшти компанијата, претставува автоматски екстрактор на нуклеински киселини РНК и ДНК, а ќе се користи за тестирање примероци од нос и грло од пациенти сомнителни на Ковид-19. Со ова ќе се зголеми капацитетот на тестирања во градот и околината, а воедно ќе се намали времето на чекање за овој вид тестирања.

 

„Би сакала да искажам огромна благодарност до компанијата Дрекслмајер што ни овозможи да ја комплетираме лабораторијата за молекуларно тестирање во склоп на микробиолошката лабораторија во ЦЈЗ Прилеп. Со помош на овој апарат времето за чекање на резултатите значително ќе се намали. Истата оваа опрема во иднина ќе служи и за изолација на нуклеински киселини РНК и ДНК и за други вирусни и бактериолошки испитувања. Станува збор за опрема што ќе им служи и на идните генерации“, ја пренесува компанијата изјавата на директорката на ЈЗУ Центар за јавно здравје во Прилеп, Драгица Николоска.

 

Од почетокот на пандемијата, Дрекслајмер во повеќе наврати донираше медицинска опрема за помош на здравствените институции, во борба со коронавирусот. Општата болница во Кавадарци неодамна доби 400 брзи тестови за детектирање на вирусот.

 

„Како општествено одговорна компанија се стремиме да излеземе во пресрет онаму каде што е најпотребно. На овој начин, во време на глобална здравствена криза, сакаме да го дадеме својот придонес за заштита на јавното здравје, така што од една страна ќе ги подобриме условите за работа на здравствените работници со нови современи медицински апарати, а од друга страна граѓаните ќе добијат брза и ефикасна услуга. Како компанија која е партнер на регионот остануваме посветени на зајакнувањето на меѓусебната соработка во напорите за побрзо и поефикасно справување со пандемијата“, истакнал Лукас Мирингер, генерален директор на Дрекслмајер во Kавадарци.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи