Николоски: Криминалната коалиција Заев, Вице и Мијалков има договор за бегство од правдата

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Криминалната коалиција која што ја обзнанивме на 22 октомври 2018-та година, Зоран Заев, Вице Заев и Сашо Мијалков во текот на изминатиот викенд ја доби својата кулминација, истакна на денешната прес-конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

 

„Како што знае целокупната јавност на 22 октомври 2018-та година кога го исклучивме Сашо Мијалков од членство во ВМРО-ДПМНЕ, јавно обзнанивме дека постои криминална коалиција Зоран Заев, Вице Заев, Сашо Мијалков која што не само во овие три години туку 15-тина години наназад работи на уништување и разнебитување на Македонија. Наградата за тоа уништување и разнебитување на Македонија од Зоран Заев стигна овој викенд на начин што се овозможи да се избега од правдата. И во овој момент имаме бегалец од правдата. Оливер Спасовски молчи, Радмила Шекеринска ја нема никаде, а Зоран Заев жали и ја префрла вината. Имаат 24 часа да го обезбедат бегалецот од правдата. 24 часа, Зоран Заев, Оливер Спасовски и останатите од Владата да го обезбедат бегалецот од правдата. За тоа што се што зборувавме изминатите години, а и што го зборуваме денес се потврдува, а тоа е дека со Македонија владее криминална коалиција, која што ги руши основните вредности, која што го руши системот на владеење на правото, која што го уништува нормалното живеење во Македонија, која што влијае врз бизнисите и истите ги рекетира или ги презема. Со Македонија владее крими – коалиција“, посочи Николоски.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи