Од Левица бараат оставка на Владата и формирање на преодна влада која ќе организира предвремени избори

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Бегството на главниот и одговорен организатор на криминалите од времето на Груевски и екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков, воопшто не изненадува. Напротив, ова е само уште една потврда за јавната тајна дека власта на чело со премиерот Заев и СДСМ се во тесна врска со сите првообвинети од случаите, кои СЈО ги отвори како резултат на „бомбите“, кои пак Заев селективно ги објавуваше од опозиција за време на т.н. „Шарена револуција“. Се вели во денешната реакција на Левица по повод бегството на Сашо Мијалков.

 

Повеќе од јасно е дека ова не е „пропуст“ на Министерството за внатрешни работи кое го води Спасовски. Очигледно е дека и во овој случај, како што беше случај и со претходните бегства на осудени криминалци, раководните структури на МВР се директни соучесници во исполнување на ветувањата, кои премиерот Заев ги даде на криминалците од претходниот режим. Да се потсетиме, токму зборовите на Заев беа дека од него „зло нема да видат ни Сашо, ниту пак Груевски“.Без криминалниот дел на ВМРО-ДПМНЕ не ќе беше реализирана и неуставната промена на името, за што Заев во изјава потврди дека Мијалков разговарал со осумте пратеници и ги охрабрувал да гласаат за Преспанскиот договор. Очигледно слободата за Сашо Мијалков е награда од Заевизмот за устоличувањето на Северна!“, велат од Левица.

 

Од Левица потенцираат дека кога станувало збор за заштита и унапредување на криминалот и корупцијата, СДСМ и Заев како предводници на власта, покажале дека сѐ што ветиле – исполниле и реализирале.

 

„Но од „живот за сите“ и „нема правда, нема мир“ – видовме само семејни тендери и партиски вработувања; тесна соработка со највисоките криминални структури; лично богатење на функционерите од власта и „бројчаникот“ кој Зоран Заев, како тогашен лидер на опозицијата, го ветуваше на партиските митинзи како регистар на украдените народни пари, кои требаа да бидат вратени во буџетот на државата. Сега остана само истиот бројчаник да се надополни со украдените пари од времето на Заевизмот како надградба на Груевизмот! За надминување на политичката криза во која се наоѓа државата, не е доволна само оставката на Владата, туку и кривична одговорност на функционерите од истата и формирање на преодна влада која ќе спроведе фер парламентарни избори!“, истакнуваат од Левица.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи