Пендаровски бара одговорност ако се утврдат пропусти во бегството на Мијалков

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Шефот на државата, Стево Пендаровски, ги повика институциите да го пронајдат бегалецот Сашо Мијалков. Тој очекува и одговорност ако се утврдат пропусти во бегството на поранешниот шеф на тајната полиција.

 

 

„Ги повикувам сите надлежни институции да ги преземат неопходните мерки со цел да биде спроведено судското решение за притвор на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

 

Вакви случувања се неприфатливи за земја која очекува да започне преговори за членство во Европската Унија и која напорно работи на реформирање на правосудниот систем и градење доверба во правната држава. Ова ги дискредитира напорите и надежите за справување со криминалот и високата корупција.

 

Очекувам надлежните институции во најкус можен рок да спроведат истрага за целосно расветлување на случајот и доколку бидат констатирани какви било пропусти од страна на надлежните институции да биде преземена одговорност.

 

Граѓаните бараат одговорност и кривична и морална. Борбата за правна држава значи секој кој се огрешил пред законот да биде казнет“, напиша претседателот Пендаровски на „Фејсбук“.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video