Работниците да се охрабрат и да ги пријават сите прекршувања од работен однос

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Работниците треба да се охрабрат и да ги пријавуваат сите прекршувања од работен однос, заклучиле денеска на заедничка средба претставници од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Државниот инспекторат за труд (ДИТ) и Меѓународната организација на трудот (МОТ).

 

На состанокот, што се одржал во  просториите на Сојузот на синдикатите на Македонија, договорено е зајакнување на соработката меѓу синдикатот и Инспекторатот за труд во насока на постапување по пријавите на работниците, а со поддршка на Меѓународната организација на трудот, ССМ и Државниот инспекторат за труд ќе започнат активност со која работниците, преку ССМ ќе добиваат правна за остварување на нивните работнички права.

 

„ССМ и Државниот инспекторат за труд ќе се ангажираат во следниот период да ја вратат довербата во институционалното разрешување на проблемите на работниците и враќање на сигурноста на работничките права“, се вели во соопштението од ССМ.

 

На состанокот присуствувале претседателот на ССМ, Дарко Димовски, директорката на ДИТ Јована Тренчевска, координаторот на Канцеларијата на МОТ, Емил Крстановски и Наташа Мечкароска-Симјаноска, проектен координатор на проектот „Зајакнување на социјалниот дијалог”.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи