Судот изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, полицијата не може да го најде

Facebook
Twitter
Email
Print

Полицијата не може да го најде првообвинетиот за масовното прислушување во случајот „Тврдина-Таргет“, Сашо Мијалков, откако викендов судот донел решение за заострување на мерките на претпазливост со куќен притвор. Неофицијално, наредбата доаѓа пред изрекувањето на пресудата за злоупотреба на службената положба и злосторничко здружување која е закажана за 26 февруари.

 

Припадници на МВР не можеле вечерва да го најдат поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков во својот дом за да му врачат наредба за куќен притвор издадена од Судот.  Полицијата го бара и на повеќе локации низ градот, каде што Мијалков често престојува, како и во зграда во близина на домот за деца без родители во Скопје, каде има стан.

 

Во петокот, до доцните вечерни часови, колку што траеше давањето на завршни зборови на одбраната не беше поднесен предлог за куќен или ефективен притвор па од Основниот кривичен суд Скопје Мијалков тој си замина слободен. Но на барање на обвинителството викендов е донесено решението за куќен притвор само за Мијалков, а не и за другите обвинети.

 

Медиумот „Фокус“ пренесува дека од нивни извори дознава дека во моментов била распишана централна потерница за поранешниот шеф на тајната полиција.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи