Мицкоски: Доста е, време е за нова влада, време е за техничка влада!

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Оставка на Спасовски не е доволна, потребна е оставка на целата влада и формирање на техничка, рече лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес конференција. Тој се обрати и кон пратениците од владината коалиција од кои побара заедништво во изгласување недоверба на владата, а потоа и формирање на техничка влада којашто ќе ја предводи државата до следните избори.

 

„Сите оние пратеници во парламентот, без разлика дали се од политичките партии од опозицијата и од власта, дали се од СДСМ или партиите во коалиција со СДСМ, да не бидат соучесници со мафијата, да се охрабрат и да кажат – доста е, време е за нова влада, време е за техничка влада“, рече Мицкоски.

 

Мицкоски рече дека Оливер Спасовски немал храброст да се појави пред јавноста, додека Заев се „препелкал“ пред граѓаните.

 

„Ја погребаа правната држава, дозволија да им избега Мијалков затоа што така се договорија. Оваа криминална коалиција функционира поради заробените институции. Кога ја нацртав линијата во ВМРО-ДПМНЕ дека компромис со криминалот не правам, тие кои се научени така веднаш се соединија. Затоа најдобар пријател на Заев станаа т.н. иницијатори. Добро е што се собраа сите на купче, лошо е што хараат по државата и пљачкосуваат. Додека МВР на Спасовски пишува казни на народот, и се фали колку казни напишаа за народот, Мијалков го пуштија да им избега со милионите. Но на овие арамии им доаѓа крајот. Заев, тоа купче на уценувачи и кое вршеше работа за раскол во ВМРО-ДПМНЕ, а за возврат му даваше поддршка и ветуваше да не се соочи со правдата, стана твој тег на ногата, твој срам, и за жал ја тоне Македонија. Затоа имаме обврска Македонија да престане да тоне. Мојата борба против тебе и твојата мафија ќе продолжи со уште пожестоко темпо. Никогаш не сум правел компромис со криминалот. Затоа ќе победиме заедно со народот. Дадовме 24 часа вашата истрага, криминална истрага да даде резултат. Ама договорено ви е. Вчера душата ми се параше кога го гледав Заев како се препелкаше пред граѓаните. За жал, Спасовски не најде храброст да се обрати пред граѓаните. Затоа не чекајте, министерството, владата, судот, обвинителството треба да дадат одговори за овој случај. Одговороснот мора да има бидејќи граѓаните бараат правда. Ништо не сте способни да направите. Не можете вакцини да обезбедите, не можете да направите попис кредибилен, не може да направите реформи, не може да одржите седница во Собрание затоа што немате мнозинство. Македонија е во политичка криза, поради вас стана држава со која сите се потсмеваат.“, рече Мицкоски.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video