Оризопроизводителите на протест: Владата нема слух за нашите проблеми

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Земјоделците од кочанскиот регион кои произведуваат ориз денеска во селото Облешево со земјоделска механизација ја блокираа едната коловозна лента на магистралниот пат Кочани – Штип.

 

Од Инцијативниот одбор за заштита на оризопроизводството истакнаа дека на овој начин го изразуваат незадоволството од лошата состојба во која се наоѓаат и што Владата сè уште не им ги исплатила субвенциите за предадената оризова арпа од минатогодишната реколта.

 

Откупната цена е ниска, изнесува од 15 до 20 денари за килограм арпа, а не сме ги добиле субвенциите. Владата нема слух да најде начин да задоволи барем дел од нашите потреби. Не сме опфатени ниту со една од петте ковид-мерки, поради што до крајот на февруари бараме исплата на редовните субвенции што ни следуваат по закон. Веќе почнуваат подготовките за новата сеидба на оризот и тие средства ни се потребни. Проади ниските откупни цени бараме дополнителна субвенција од пет денари по килограм предадена арпа, истакна Драгољуб Гаврилов, член на Инцијативниот одбор за заштита на оризопроизводството.

 

Земјоделците побараа и исплата на надоместокот за „зелена“ нафта, како и определување на заштитна цена за килограм ориз.

 

Откупувачите сами ја определуваат најниската откупна цена, а ние како земјоделци сме принудени да им ги предадеме произведените количини со оглед што сме должни да ги платиме обврските за воден надоместок, за набавеното ѓубриво и репроматеријали и за другите трошоци. Цената на нафта е покачена, поскапи се вештачките ѓубрива и најжално ќе биде ако земјоделците не можат да ја почнат седибата на оризот, истакна оризопроизводителот Тони Максимов.

 

Земјоделците од кочанскиот регион нагласија дека очекуваат брза реакција од Владата, зошто во спротивно ќе продолжат со протестите и ќе применат поригорозни мерки за целосно блокирање на магистралниот пат. (МИА)

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video