ВИДЕО – Ристеска: СДСМ не може ни да го одржува она што ВМРО-ДПМНЕ го изгради, а не пак да реализира нешто ново

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Она што ВМРО-ДПМНЕ го изгради, СДСМ не може ни да го одржува. За жал наместо да ги реализираат проектите кои ги ветуваа предизборно пред граѓаните, ги уништија и оние кои ги наследија од претходната локална власт. Истакна на денешната прес конференција Андријана Ристеска, советник во Општина Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Деновиве, видовме како Арт плоштадот се распаѓа, истиот оној Арт плоштад кој важеше и уште важи за едно од најубавите места за рекреација во центарот на градот. Ова место доживеа целосна трансформација во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, а фонтаната која беше прва од таков вид во државава, важеше за една од омилените на дечињата.

 

Оваа локална власт како намерно да работи спротивно на интересите на граѓаните! Како намерно да не ги одржува и ги уништува веќе постоечките проекти, во неможност да реализира свои.

 

Па така нема ништо од фамозната најава на нов модерен театар со кој проект најпрво Јованоски ја замајуваше јавноста предизборно, па во текот на мандатот објавуваше и за некакви идејни решенија и проект. Дури замислете во една од неговите изјави во 2018 потенцира дека до крајот на 2021 година, театарот „Војдан Чернодрински“ ќе добие нов, современ и функционален објект“! Иако остануваат уште неколку месеци од мандатот на градоначалникот, прилепчани се свесни дека овој проект е далеку од реализација.

 

Нема ништо и од најавената реконструкција на прилепската чаршија.

 

Успешноста на една локална власт не се мери во тоа да се уништи веќе направеното. Успешноста се мери во реализација на нови проекти и одржување на веќе постоечките. За ваквото недомаќинско работење со кое градот се уништува и уназадува ќе има одговорност. Бидете уверени во тоа“, рече Ристеска.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи