„Водовод“ : Возило носејќи клавир пропаднало во скокачката фонтана, сторителот се обврза да ја надомести штетата

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Поради обвинувањата на поедини медиуми кон локалната власт и  ЈКП ”Водовод и канализација”-Прилеп почувствувавме обврска да ве информираме за настан кој вообичаено не би предизвикал големо внимание и за кој локалната власт нема никаква одговорност. Се вели во денешното соопштение на ЈКП ”Водовод и канализација” – Прилеп кое го објавуваме во целост.

 

„Имено на ден 19.02.2021 тешко моторно возило носејќи клавир, донација за НУЦК „Марко Цепенков“, пропадна во музичката фонтана, при што предизвика штета на неколку од пумпите, потпирачите и инсталацијата. За овој настан беа известени сите надлежни институции и увид извршија стручните служби на ОВР Прилеп.

 

Лицето што ја предизвика штетата се обрати кон раководниот тим на ЈКП ”Водовод и канализација”-Прилеп и предложи да ја надомести штетата и за најмногу две недели фонтаната ќе биде пуштена во употреба.

 

Иако овој настан е несекојдневен, наша цел не е да ги стигматизираме нашите граѓани и да ги споменуваме нивните имиња во лош контекст бидеќи сега, за разлика од порано, ЈКП ”Водовод и канализација”- Прилеп има обврска колку што може поквалитетно да ги опслужува потребите на граѓаните наместо постојано некого да обвинува, осудува и стигматизира“, велат од ЈКП „Водовод и Канализација“.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи