Градоначалникот на Крушево, Томе Христоски е позитивен на коронавирус

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Градоначалникот на Крушево, Томе Христоски е позитивен на коронавирус, а од вчера бил префрлен во Инфективната клиника во Скопје.

 

Градоначалникот ги почувствувал првите симптоми во неделата вечерта, додека пак во понеделникот добил позитивен тест на коронавирус. Засега не е познато колку време ќе остане на лекување, а од општината  информирале дека Христоски се чувствува добро и неговата состојба е стабилна.

 

„Од почетокот на кризата со корона вирусот сум максимално внимателен. Се грижев за сопственото, здравјето на моето семејство и на сите граѓани кои доаѓаа во мојот кабинет. Но, овој вирус е непредвидлив и и не секогаш можеме да го избегнеме. Ви порачувам да се грижите за себе и за најблиските и заедно да излеземе посилни од ова“, напиша Христоски на неговиот ФБ профил.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video