Петта македонска туристичка берза: Прегрупирање, подготовка и имунизација за да докажеме дека сме сигурна дестинација

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Македонскиот туристички сектор мора да се прегрупира и да се подготви бидејќи отворањето на границите е се поблиску, а туристите веќе ги планираат своите одмори, порачаа учесниците на Петтата Македонска туристичка берза што се одржа денес во Скопје.

 

Според Националната асоцијација за дојдовен туризам во Македонија (НАИТМ) која е организатор на Берзата, тоа што следи, треба да се искористи.

 

„Претходната, но и оваа година сите настани кои се организираат, а се поврзани со туризмот, за жал, имаат една порака – што побрзо да заврши кризата со пандемијата и полека да се вратиме во нормала“, рече министерот за економија Крешник Бектеши.

 

На настанот беше присутна и амбасадорката на Швајцарија Сибил Зутер.

 

„Веруваме дека потенцијалот на туристичкиот сектор во Македонија се уште не е доволно искористен. Во текот на изминатите шест години соработувавме со тур-оператори, јавни институции и организации за деловна поддршка за натамошно подобрување на понудата, создавање поддржувачки екосистем за туризам и подобро промовирање на Македонија како туристичка дестинација“ , рече амбасадорката Зутер.

 

Претседелот на НАИТМ, Влатко Сулев во своето излагање потенцира дека петата Македонска туристичка берза е многу важна одлука зашто отворањето на границите е се поблиску и дека туристите веќе ги планираат своите одмори.

 

„Токму во овој период го организираме овој настан – петтата Македонска туристичка берза, за да се охрабриме, да се прегрупираме и да се подготвиме, затоа што отворањето на границите е се поблиску. Секојдневно добиваме се повеќе информации дека туристите веќе ги планираат своите одмори ова лето и есен. Одморот е дел од животот, и има многу луѓе кои и покрај вирусот сакаат да искусат нешто ново, да откријат нови места, нови туристички дестинации. Да не се плашиме, бидејќи не сме сами. Тука се нашите пријатели од Швајцарската амбасада и нивните проекти SIPPO и IME што ни даваат огромна поддршка, не само материјална, туку и морална. Ние веќе работиме на идни проекти за доброто на сите чинители на дојдовниот туризам“, изјави Сулев.

 

„Ако сакаме да имаме успешна сезона, мора да работиме уште од сега, да ја промовираме земјава и да се позиционираме. Доколку не стигнеме во каталозите на странските туроператори, многу тешко ќе ја продадеме дестинацијата. Но, исклучително важно е и државата да ја заврши својата работа – да спроведе имунизација што е можно побрзо, да покажеме дека сме сигурна дестинација“, порачуваат денеска од Националната асоцијација за дојдовен туризам во Македонија (НАИТМ).

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи