Бачовски: Исплатени 238,6 милиони денари субвенции за повеќе мерки во земјоделството

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) денеска исплати субвенции во висина од 238,6 милиони денари за вршење на земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности, попознато како ПОМ, за органско производство, за производство на основен, производство на саден и за производство на сертифициран семенски материјал по програмата за финансиска поддршка во земјоделството 2019. Исто така, исплатени се и субвенциите за осигурување на посевите од непогоди по програма 2020 година.

 

Корисници на мерката „211 Помош за вршење на земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности за земјоделска дејност“ или попозната како ПОМ се сите земјоделски стопанства кои вршат дејност на надморска висина поголема од 700 метри, имаат поднесено барање и ги исполнуваат условите за добивање на оваа поддршка.

 

Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски информира дека денеска средства на сметките имаат и земјоделците кои имаат поднесено барања за добивање на средства од мерката 215 органско производство.

 

„Исплата на средства има и кај сите земјоделски стопанства кои ги осигурале посевите и добитокот. Преку оваа мерка, државата субвенционира 60 отсто од средствата што земјоделците ги дале за полисата за осигурување на родот и добитокот. На овој начин директно им се помага на земјоделците во намалување на трошоците за заштита на родот од временски непогоди а истовремено се штитат и од можни загуби доколку дојде до нив“, информира Бачовски.

 

Агенцијата, додаде, како и досега ќе продолжи да биде партнер на сите земјоделци кои правно – законски ги исполнуваат условите за добивање на финансиска поддршка во земјоделството.

 

„Земјоделството е наша шанса и затоа Владата, Министерството и Агенцијата ќе продолжат да креираат мерки и програми кои го развиваат агро – секторот“, посочи Бачовски.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи