Насилен протест за „Монструм“: шок бомби, искршени излози, повредени 2 полицајци и каменувана новинарска екипа

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Полицијата го растури протестот против пресудата за случајот „Монструм“ откако поединци од толпата почнаа да фрлаат камења кон полицијата. Во моментов кордонот и оклопните возила ги потиснаа демонстрантите кон Бит пазар, а употребија и шок бомби. Тензиите почнаа откако демонстрантите побараа полицијата да ја „ослободи“ улицата, но, патот и натаму им го попречува огромен полициски кордон и оклопни возила.

 

Неофицијално, во судирите има повредени полицајци. На удар на бесот на демонстрантите се најдоа и новинарите, при што била нападната новинарската екипа на МИА.

 

Учесниците на протестот побарааа меѓународната заедница да интервенира за да се обезбеди правда за случајот со петкратното убиство на Смилковското езеро.

 

За убиствата кај Смилковското езеро се обвинети Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Африм Исмаиловиќ, Алил Демири, Хаки Азири и Сами Љута. Африм Исмаиловиќ и Алил Демири избегаа на Косово и се чека нивна екстрадиција во С.Македонија. Со првостепената пресуда која Основниот кривичен суд во Скопје ја изрече во вторникот (23 февруари) на доживотен затвор за тероризам беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири на 9, а Фејзи Азири на 15 години за помагање. Сами Љута доби ослободителна пресуда откако обвинителството се откажа од негово гонење поради немање докази за вмешаност во петкратното убиство.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи