Илиоски : Дали ЈП за ПУП има или нема директор, дали 100-тина вработени ќе останат без плата и здравствено осигурување

Нeспособноста на локалната власт во нашиот град се покажа на сметка на вработените во ЈП за ПУП. Дали ова јавно претпријатие остана и официјално без одговорно лице-директор и дали мандатот на досегашниот В.Д. директор Илија Иваноски заврши со последниот работен ден на 19.02.2021 година? Запрашаа на денешната прес конференција од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Дали претпријатието има нов в.д. директор? Во кое својство досегашниот директор ако му е изминат мандатот, се уште седи на директорската фотелја, издава наредби и задачи?

 

Дали во ЈП за ПУП постои некој кој е задолжен за средување на документација за вработување, приложување пријава/одјава до Агенцијата за вработување и дали досегашниот в.д. директор е одјавен?

 

Дали е нормално околу 100-тина вработени да останат без нивната плата, без средства за преживување во ова тешко време на пандемија?

 

Зошто Општина Прилеп се уште нема распишано оглас за избор на директор на ЈП за ПУП? Што станува со платите на вработените од почетокот на 2021 година до сега? Дали од понеделник 01.03.2021 година ќе останат и без здравствено осигурување во ова кризно време?

 

Ова се прашањата на кои јавноста заслужува одговор. По смена на власта на локално ниво, граѓаните ќе добијат целосно транспарентни и функционални институции, какви што заслужуваат Прилеп и прилепчани“, истакна Робертино Илиоски, од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи