Одбележана 17-годишнината од загинувањето на претседателот Трајковски

Facebook
Twitter
Email
Print

Пред споменикот „Македонија“, подигнат во чест на трагично загинатиот македонски претседател, Борис Трајковски, родната Струмица ја одбележа 17-годишнината од неговата смрт.

 

Членови на семејството Трајковски, пријатели, претставници на локалната самоуправа, политички партии и здруженија на граѓани со положување цвеќе и поклонување пред неговиот споменик ја искажаа својата почит. Венец пред споменикот положи и владина делегација предводена од министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и Роберт Алаѓозовски Национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка.

 

„За жал, поводот за овој наш собир е одбележувањето на денот на неговото прерано заминување. Тоа го правиме секоја година на денешен ден, за да покажеме и докажеме дека големите луѓе никогаш не умираат, дека тие живеат вечно во спомените на оние кои ги почитуваат вистинските вредности. Денес се поклонуваме пред ликот и делото на вториот македонски претседател, нашиот сограѓанин Борис Трајковски, одбележувајќи 17 години од неговата прерана и трагична смрт“, рече градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

 

Во рамките на одбележувањето на годишнината од смртта на претседателот Трајковски, Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ од Струмица традиционално засади дрвце до споменикот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи