Прилепчанката Маријана Ѓорѓиевска се искачи на највисокиот врв во Африка – Килиманџаро

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Прилепчанката Маријана Ѓорѓиевска се искачи на највисокиот врв во Африка – Килиманџаро, 5.895 мнв. кој се наоѓа во североисточна Танзанија, во близина на границата со Кенија. Ѓорѓиевска за Инфо Компас рече дека  таа се искачила на врвот вчера околу 7 часот утрината, а тргнувањето кон врвот било околу полноќ.

 

Ова е трет сумит или трет највисок врв на еден континент на кој се искачува Ѓорѓиевска. Прво таа се искачи на највисокиот врв во Европа, Елбрус, кој се наоѓа на планинскиот венец Кавказ, Русија, во близина на границата со Грузија на 1 јули, 2018 година. Вториот сумит кој го освои таа беше највисокиот врв во Јужна Америка, Аконкагва во Аргентина, висок 6.962 метри на 15 февруари 2019 година. Аконкагва е вториот по височина сумит во светот.

 

Инаку искачувањето на 7-те највоски врвови во светот или 7-те сумити се смета за голем предизвик во планинарството. Прв нивен освојувач бил Ричард Бас, кој ги искачил сите на 30 април 1985 година.

 

Кога станува пак збор за Килиманџаро височината од 5.895 мнв  му овозможува на врвот да има „вечен снег“ и покрај тоа што планината се наоѓа на само 330 километри јужно од Екваторот. Друга карактеристика е тоа што оваа планина ја има најголемата висинска разлика помеѓу рамнината на подножјето и врвот: 4600 метри. Килиманџаро е планина со три вулкански кратери кои се претпоставува дека последен пат еруптирале пред 100.000 години.

 

Највисоката точка (5.895м) — врвот Ухуру (дел од т.н. „седум врвови или седум сумити“) на вулканот Кибо, на врвот има кратер кој е широк околу 2,5 км. Првото искачување е направено во 1889 година. Другите два врва на оваа планина се исто така згаснати вулкани: врвот Мавензи (5.149 м) кој е трет највисок врв во Африка после Монт Кенија (5.199м) и врвот Шира (3.962 м).

 

Годишно околу 15.000 луѓе се обидуваат да застанат на врвот, а од нив успеваат околу 40%. Најдобри месеци за качување кои се препорачуваат се декември, јануари, февруари, март, јуни, јули и август.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи