Ристески: Предлог законот за промена на законот за тутун воопшто не е ставен на дневен ред, СДСМ лаже дека ние не даваме поддршка

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Откупот на тутун заврши, откупувачите ги затворија откупните пунктови, а остана голема количина не откупен тутун. Од ВМРО ДПМНЕ цело време укажувавме, апелиравме, повикувавме да се реши проблемот на тутунопроизводителите кои го имаа со откупот на тутун од овогодишната реколта. Истакна на денешната прес конференција Петар Ристески, пратеник од Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Покрај тоа што тутунарската мака, пот, се откупи по катастрофално ниски цени, со 60 до 100 денари се оштетени тутунарите оваа година по килограм откупен тутун, алармиравме дека ќе останат и неоткупени количини што еве и се случи. Како пратеници од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за цело време баравме зголемување на субвенциите оваа година за 100%, како обештетување на тутунарите за оваа лоша откупна реколта но власта на чело со Заев останаа глуви и ако за цело време му ветуваа и ги манипулираа тутунопроизводителите за на крај да им понудат милостина од некој 10 до 12денари по килограм.

 

Пратениците од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за оваа цел на ден 15-ти февруари 2021 година поднесовме предлог закон за промена на законот за тутун, во кој меѓу другото бараме продолжување на откупот оваа година до 31 март.

 

До сега одговорно тврдам од страна на претседателот на Собранието овој предлог закон не е ставен на седница на дневен ред, а од СДСМ лажат дека опозицијата не давала подршка за предлог законот да помине во Собрание.

 

Еве јавно кажувам и повикувам Претседателот на собрание да закажи седница со единствена точка на дневен ред  нашиот предлог закон за промена на законот за тутун, а пратениците од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата и во 03 часот после полноќ би влегле во собрание и би глсале ЗА нашиот предлог закон. Секако во корист на тутунопроизводителите со цел да се откупи целата количина неоткупен тутун“, вели Ристески.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи