Запознавање со поимот „Ученички парламент“

Ние како деца секако сакаме да ги искажеме нашите барања, мислења се разбира и планови со кои ќе помогнеме во иднина со истите. Правото на глас се исполнува така што ќе се слушне секое мислење од децата, тоа може да се оствари преку ученик правобранител и училишниот парламент. Едноставно поврзувањето на учениците со професорите преку тие две функции.

Функции и улоги на ученичкиот парламент е промовирање на нашето училиште СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп, решавање на некои проблеми помеѓу ученик и професор, промовирање на идеите за социјализација на децата со посебни потреби, соработка со сите класни заедници.

А наши одговорности се да имаме редовно состаноци на кои се разговара и се придонесуваат нови идеи, доставување на извештаи за потребите и препораките на учениците до директорот пред секој наставнички совет, воспоставување на  контакт со локалните и националните образовни институции…

Јас како претседател сум задоволен од активизмот на сите членови во училишниот парламент, па затоа сме спремни за нови промени во нашето училиште.

Знаеме дека во доба на еден вирус е тешко да се функционира како една целина, но се трудиме да останеме како една целосна екипа. Ученичкиот парламент има многу идеи за во иднина за кои ќе се дознае во скоро време. Досегашното влијание на ученичкиот парламент врз учениците е големо, изминатите години имавме организирано натпревари во одредени спортови помеѓу училиштата во нашиот град, нашите медицински ученици им излегоа во пресрет на постарите луѓе, при тоа што им мереа притисок и шеќер во крвта…

Со постојан труд, работа и доволна поддршка од училиштето, нашиот глас на далеку ќе се слушне.

Автор: Петар Јаковлески Претседател на ученичкиот парламент при СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи