ЛАГ – Иднината на руралниот развој

 

Перспективата што ја споделуваат Мрежата на ЛАГ-ови и нејзините членки – ЛАГовите како јавни-приватни партнерства кои опфаќаат различни чинители на локално ниво, надополнета со ставовите на  различни чинители на национално ниво, ја истакнува важноста од имплементација на ЛЕАДЕР пристапот како двигател на руралниот развој.

ЛЕАДЕР е кратенка од францускиот назив “Liaison entre Actions de Developpment de l’Economie Rurale” што означува „Врски помеѓу руралната економија и акциите за рурален развој“. ЛЕАДЕР е пристап која ги охрабрува и поттикнува заинтересираните страни кои живеат во руралните средини заедно да истражат и изнајдат нови начини за заедничка соработка за да ги подобрат условите за живот.

Вклученоста на различни чинители во националната агенда за рурален развој, градењето на партнерства помеѓу јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор, фокусирањето на рурален развој базиран на територија, применување на пристапот од “долу нагоре”, зајакнување на меѓусекторскиот пристап, соработката и вмрежувањето како принципи на ЛЕАДЕР пристапот за рурален равој, се дел и од активностите на Локалните Акциони Групи кои активно делуваат во нашата држава.

Членството во ЕУ претставува стратешка цел на Македонија која направи големи напори во последните неколку години да ги исполни барањата за полноправно членство во ЕУ. Интеграција во ЕУ е важен предуслов за економски развој на државата. За да ги исполни условите за членство, земјата мора да воспостави структури што се во согласност со Заедничката Земјоделска Политика на ЕУ и да се подготви за спроведување на програмите од Европскиот Фонд за Земјоделство и Рурален Развој.

Перспективата на интеграцијата во ЕУ се рефлектира врз различните стратегии на земјата,  истакнувајќи ја и Стратегијата за развој на земјоделството и руралниот развој, која е изготвена во согласност со главните принципи на идната политика на ЕУ, ЗЗП (Заедничката земјоделска политика) и предпристапната политика (ИПАРД), но воедно релевантна за специфичностите на земјоделскиот сектор и руралните области во Македонија.

Започната како иницијатива во 1991 година, и претставува иновативен пристап во рамки на руралната развојна политика на ЕУ, а досегашните искуства покажуваат дека ЛЕАДЕР пристапот може да направи вистински промени во секојдевниот живот на луѓето во руралните области.

Еден од клучните концепти за развој на ЕУ е концептот на „развој заснован на територија“, кој промовира интегриран локален и регионален пристап во решавање на проблемите. Оваа политика базирана на територија има за цел да ги надмине слабостите за целосно искористување на локалните потенцијали. Европските практики покажуваат дека регионите што се во можност да ги мобилизираат своите внатрешни потенцијали имаат поголеми шанси да се развиваат побрзо отколку другите региони. ЛЕАДЕР пристапот ја препознава и ја нагласува улогата што ја имаат локалните чинители преку заедничка соработка,  поддршка на локалните иницијативи, и преку пристап „од долу нагоре” учество во локалното планирање и развој преку Локални акциони групи (ЛАГ-ови).

ЛЕАДЕР пристапот претставува пресврт на сегашната политика на локален развој фокусиран на зајакнување на локалната демократија преку зголемено учество на руралното население , развој на граѓанското општество и социјален дијалог со руралното население, обезбедување на доброто владеење преку локални партнерства, вработувања и развој на човечки ресурси.

Имплементацијата на ЛЕАДЕР мерката, бара време, човечки ресурси и меѓусекторска соработка. Споделените искуства потенцираат дека и во земјите на ЕУ имало предизвици при спроведување на ЛЕАДЕР пристапот, а споделените искуства и македонската реалност за руралниот развој истакнуваат дека спроведувањето на ЛЕАДЕР пристапот ќе носи многу предизвици. Презентацијата на предизвиците во понатамошниот текст е направена во форма на наоди и заклучоци идентификувани и заклучени од горенаведените активности со учество на засегнатите страни за рурален развој од јавниот. приватниот и граѓанскиот сектор.

Важноста на локалните актери во земјоделството и руралниот развој е во фокусот на ЛЕАДЕР пристапот каде што е потребна тесна соработка со локалните власти и релевантните организации кои работат на локалниот економски развој како и граѓанските организации. Тоа води до формирање на Локални Акциони Групи кои имаат за цел заедничка соработка помеѓу трите сектори на локално ниво и спроведување на заеднички акции насочени кон руралниот развој во целина.

Партнерствата во склоп на Локалните Акциони Групи претставуваат докажана и успешна алтернатива на руралниот развој – партнерство кое треба да биде дел од социјалната и институционалната структура на руралниот развој.

Во Македонија досега се регистрирани 14 Локални Акциони Групи а постојат и неколку ЛАГ иницијативи. Формирањето на постоечките ЛАГ-ови е како резултат од имплементација на проект за Воведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот, со поддршка на странски донатори. Тие претставуваат Здруженија за рурален развој кои делуваат во сооднос со принципите на ЛЕАДЕР пристапот, но сеуште немаат официјален статус на Локална Акциона Група евидентирана согласно ИПАРД програмата во Министерството за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство (МЗШВ) кое е назначено како одговорна институција за рурален развој во Република Македонија.

Локалните Акциони Групи кои се формирани на територијата на Република Северна Македонија, функционираат врз основа на правна рамка која во целост ги исполнува барањата и критериумите на ЕУ, а активно делуваат со фокус на целите од Стратегијата за локален развој која ги идентификува клучните приоритети на територијата каде делуваат. На волонтерска основа постоечките ЛАГ-ови преземаат иницијативи и  спроведуваат акции кои имаат позитивен импакт во руралните заедници, со што стануваат препознатливи на територијата каде делуваат, и ги мотивираат останатите чинители да активно се вклучат во искористување на потенцијалот и обезбедување на одржлив рурален развој.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи