ВИДЕО – Ангеловски: МААК ги возобновува комитетите во момент кога Македонија го живеее најтешкиот дел од својата историја

На 31 годишнината од формирањето на првио комитет на МААК во Прилеп, денеска партијата повторно во градот под Марковите Кули го возобнови комитетот. Од МААК велат дека возобновувале со луѓе кои и тогаш биле членови на партијата, но и со нови, со млади луѓе, луѓе кои ќе знаелe да се борат за интересите на Македонија затоа што, според нив, државава денес се наоѓала во исклучително катастрофална ситуација и идеите и заложбите на МААК, како првоформирана политичка партија, патриотска, национална и конзервативна во Република Македонија, биле и тоа како потребни во еден ваков период.

Многу накусо ќе ја објаснам состојбата во која се наоѓа Македонија. Во моментот се одвиваат два паралелни процеси, првиот процес е процес на пауперизација или целосно осиромашување на македонското општество, вториот процес е процес на плутократија или владеење на богатите. Во овој момент во Република Македонија доаѓа до исклучително богатење на еден грст луѓе и до целосно осиромашување на македонското општество. Таквото целосно осиромашување македонското општество го прави неотпорно на националните катастрофи кои ни се случуваат, а националните катастрофи се промената на името, промената на идентитетот, договорите со Атина и со Софија, Тиранската платформа и се она што значи бришење на македонското постоење, македонскиот идентитет, македонската историја, наспроти ДУИ-зацијата која се случува во Република Македонија, односно формирањето на паралелна влада на ДУИ, влегувањето на ДУИ во сите институции на системот и она што на крајот би требало да дојде федерализација на Република Македонија и не дај боже нејзин распад. Во тоа име го формираме, го возобновуваме комитетот на МААК овде во Прилеп за да прилепчани имаат можност да пронајдат политичка опција со која ќе можат сето ова да го спречат и да и помогнеме на државата, да и помогнеме на татковината во ова време невреме кога македонците го живеат најтешкиот дел од својата историја“, истакна Страшо Ангеловски претседател на МААК.

Ангелоски истакна дека пред почетокот на пандемијата имале како партија поголема офанзива и формирале и возобновиле 40 комитети низ државата. Сега после една година затишје новата пролетна офанзива ја започнувале од Прилеп. Ангелоски рече дека се уште се наоѓаат во коалицијата „Обнова за Македонија“ со ВМРО-ДПМНЕ, но доколку не се најдело заеднички јазик за некои прашања на локалните избори ќе оделе со самостојни кандидати.

„Јас морам да ви кажам дека како прилепчанец, малку и чекав, сакав во Прилеп во мојот роден град да имам вистински, здрав комитет со вистински, здрави луѓе за да не мораме да го реформираме, да го правиме одново. Јас лично сакам комитетот на МААК во Прилеп да биде еден од најуспешните. Ние се уште се наоѓаме во коалицијата „Обнова за Македонија“ со ВМРО-ДПМНЕ, престојат пред нас преговори и договори за тоа како да се настапува на локалните избори. Верувам дека ќе најдеме заеднички јазик, тогаш ќе одиме со заеднички кандидати во кои и МААК ќе партиципира со свои кандидати онаму каде ќе пројавиме моќ и ќе пројавиме ситуација дека можеме да бидеме носители на кандидатските листи. Доколку не успееме, тогаш ќе одиме со самостојни кандидати и верувам дека и така и онака ќе имаме успех, но лично ако ме прашувате мене сметам дека е многу подобро да се оди со заеднички кандидати за да не ја ситниме опозицијата во ова време кога на Македонија и е потребно националното обединување“, додаде Ангеловски.

Во врска со бегството и судењето на Сашо Мијлаков Ангелоски потенцираше дека вистинска правда ќе значело кога ќе бидат осудени и кога пред лицето на правдата ќе се најделе сите оние кои и наштетиле на државата, без разлика на нивната партиска припадност, без разлика дали се од минатата или сегашната власт.

„Јас сум човек кого го знаат дека не коментира дневни политики, ниту го интересираат дневните политики. Мене ме интересираат повеќе геостратешките и геополитичките односи во кои се наоѓа светот, за да можеме да и го најдеме местото на Македонија и бродот наречен Македонија да можеме да го кормилариме по мирно море за да стасаме онаму каде што сакаме. Но ќе искоментирам, бидејќи сето ова е како на времето леб и игри, забава за народ која на крај ќе се претвори, сакам искрено да верувам дека таа забава за народ ќе се претвори во вистинска правда во Република Македонија. Вистинска правда значи кога ќе бидат осудени и кога пред лицето на правдата ќе се најдат сите оние кои и наштетиле на оваа држава, без разлика на нивната партиска припадност, без разлика дали се од минатата или сегашната власт. Вистинската правда може да дојде само кога пред лицето на правдата покрај Сашо Мијалков ќе се најде и Зоран Заев, ќе се најдат сите оние кои извршија велепреавство на Република Македонија“, истакна Ангелоски.

Во врска со осудените за настаните во Собранието од 27 април Ангелоски рече дека ставот на МААК за тие луѓе е дека тие застанале во одбрана на противуставното, незаконско воспоставување на ново парламентарно мнозинство.

„Тоа парламентарно мнозинство кое успеа потоа да ги направи сите овие злосторства врз сопствената татковина. Тие луѓе ги сметаме за невини, ги сметаме за луѓе кои заедно со останатиот дел од Македонскиот народ кој се наоѓаше во тоа Собрание, само сакаше да застане наспроти незаконитоста, наспроти неуставноста. Оттука јас искрено верувам дека една нова власт кога ќе дојде, а таа ќе дојде многу скоро, бидејќи владата на Заев не може да трае повеќе од 2, 3 или 6 месеци, искрено верувам дека македонското правосудство ќе се одважи и ќе ја најде правдата за сите, виновните да бидат виновни, а невините да бидат невини. Оние кои се невини да бидат ослободени, а оние кои се виновни да си го најдат местото зад решетките. Сега сите гледаме дека државата не ни е функционална, државата не функционира. Ние моежеме сега 100 дена оваа влада да ја пуштиме на годишен одмор, државата ќе функционира потполно исто како таа влада да постои. Република Македонија е нефункционална, сведоци сме со здравствениот систем, сведоци сме со правосудниот систем, сведоци сме со пропаѓањето на банкарскиот систем доколку сакате, час поскоро мора да падне оваа влада, мора да се преземат некои мерки за да ја вратиме државата во нормала. Доколку продолжи оваа влада да го истера целиот свој мандат, државата ќе отиде во банкрот и државата веќе ќе ја нема“, изјави Ангеловски.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи