ВИДЕО – Вишокот на тутун од уште 1,5 милиони килограми се преговара да го откупи Турција

Досега се откупени околу 2,3 милиони килограми вишок на тутун, а остануваат уште околу 1,5 милиони килограми. Од министерството за земјоделство на денешната средба со тутунарите во Прилеп истакнаа дека за преостанатите количини се преговара да бидат откупени од Турција, а преговори ќе се воделе и со државната компанија Тутунски комбинат Прилеп. Во Собрание пак се уште не се спроведени измените на законот за тутун со кој што законскиот рок за откуп треба да се пролонгира до 31 март.

„На средбата со министерот за земјоделие на Република Турција зборувавме за можноста да се изнајде решение, односно компанија што би можела да излезе во пресрет за откуп на овој вишок на тутун и очекувам дека по интензивните разговори во текот на неделата да имаме и одговор од нивна страна за тоа колку би биле спремни да се откупи ваков вишок на тутун“, рече Аријанит Хоџа, министер за земјоделство.

Тутунарите истакнаа дека не се откупени и дел од количиниите за кои има договор. Од Сојузот на земјоделски зруженија уште еднаш ги повикаа тутунарите да не ги потпишуваат договорите за идната реколта се додека не се откупи вишокот од оваа и се додека не се усогласат нивните барања за новата реколта. Бараат тутунот да се цени во 3 класи и дополнителка 4 класа, одбитоците кај секој тутунопроизиводител да не бидат повече 4%, а ќе се бара и зголемување на цените.

„Ќе бараме покачување на цените, она што го баравме и летоска, но го баравме откако беа потпишани договорите. Затоа сега на почетокот бараме покачување на цените, што значи за прва класа 280 денари, за втора класа 220 денари, трета класа 170 денари и четврта класа 90 денари“, вели Менде Стомнароски, претседател на Сојуз на земјоделски здруженија.

Исто така тутунарите бараат во новите договори наместо сегашните 180 килограми по декар, да влезе дека од еден декар ќе се откупуваат по 230 килограми тутун.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи