Нова донација од 80.000 заштитни маски од турската компанија „Алим“ за Крушево

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Нова донација од заштитни маски од турската компанија Алим пристигна во Крушево. Се работи за нови 35 пакети од маски со околу 80 000 маски. Ова е втора донација од заштитни маски за општина Крушево, а како и минатата донација маските ќе се распределат и на општина Долнени.

Во текот на вчерашниот ден од Советот на општина Крушево излегоа со апел за строго почитување на мерките и препораките во насока на спречување на ширењето на коронавирусот.

„Битката со коронавирусот се уште не е завршена и секојдневно се забележуваат нови случаи на Ковид 19. За состојбата со вирусот сме сите заедно одговорни и затоа уште еднаш апелираме на строго почитување на мерките и препораките. Вакцинација на здравствените работници започна и во Крушево, но паралелно со тој процес наша должност е да носиме маска, не се групираме и се дезинфицираме.“, стои во соопштението на Советот.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи