„Помен – Една година тишина“ – ивент индустријата на протест пред влада

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Асоцијацијата на ивент индустријата – ИВАП попладнево одржа протест пред Владата, под мотото „Помен – една година тишина!“, поради една година од забраната за одржување на јавни настани.

Имболично кутиите во кои е спакувана опремата беа наредени долж булеварот „Илинден“ пред Владата, со што се искажа револт од ситуацијата во која се наоѓаат.

Проценките се дека падот на приходите во ивент индустријата се повеќе од 60 отсто, што во догледно време ќе значи ставање клуч на врата.

„Баравме да бидеме третирани исто или слично како што беа третирани ноќните клубови. Тие добија грантови од по 10.000 евра. Бараме грант зашто сме една година затворени, но и за да можеме летово нешто да работиме. Буквално сме исцицани. Никаква помош немавме цела година од државата. И предложивме на Владата да има механизми со кои ќе може да се определи вид помош, а тоа значи дека компаниите треба навистина да докажат дека работат во ивент индустријата, дека имаат повеќе од 60 отсто пад на приходот“, Маја Бабиќ, претседател на ИВАП.

Со овој собир, Асоцијацијата сака да го сврти вниманието на Владата, но и на јавноста, за состојбата во која се наоѓа ивент индустријата.

„Како сектор, воопшто не сме препознаени и разбрани, а без помош и поддршка не е возможно да опстанеме по цела година неработење. Деновиве е зголемен бројот на КОВИД заболени што значи дека оваа индустрија уште долго не ќе може да почне со работа. Како одговорни граѓани и компании сметаме дека е неумесно да бараме одржување јавни настани при ваква состојба. Ние не правиме тајни настани, не ги прекршуваме законите и прописите и не и создаваме проблеми на пазарната инспекција. Затоа, сметаме дека немаме друг избор, освен Владата да изнајде начин и да му помогне на овој сектор“, истакна Бабиќ.

Протестот помина во мирна атмосфера, со присуство на полициски службеници.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи