„Пријави лихва“ – нова операција на МВР за борба против лихварството

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

МВР започна со оперативна акција „Пријави лихва“, каде граѓаните анонимно можат да пријават лихварство на бесплатниот телефонски број 0800 00 201. Станува збор за акција за сузбивање на незаконската појава на позајмување парични средства со преку многу високи камати.

Според Кривичниот законик, лихварството се казнува. Тој што за услугата што му ја прави на некое лице прима или договара за себе или за друг несразмерна имотна корист искористувајќи ја неговата тешка имотна состојба, тешките станбени прилики, нуждата, недоволно искуство или лекомисленоста, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.

Ова е само еден дел од новозапочнатите оперативни акции, со цел зголемување на безбедноста на граѓаните.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи