Иваноски: ЈП за ПУП нема неисплатени плати, точно е дека мандатот ми е поминат

Досегашниот В.Д. директор на ЈП за ПУП, Илија Иваноски, на прашање од Инфо Компас дали ова јавно претпријатие должи плати кон своите вработени, бидејќи до нашата редакција се обратија дел од вработените кои се пожалија дека немаат земено плата од декември, тој истакна дека ЈП за ПУП не должи вопшто и дека е исплатена и јануарската плата. Иваноски исто така потврди дека неговиот мандат во моментов како в.д. директор е завршен.

„ЈП за ПУП не должи плата на своите 93 вработени, а исто така вработените имаат исплатено и пензиско и здравствено осигурување. Точно е дека мојот мандат е поминат на 21.02.2021 година, но јас останувам на оваа функција се додека не се назначи нов директор, кој го назначува градоначалникот. Сите знаеме дека во овој момент градоначалникот е болен од Ковид 19 и треба да се има разбирање за целата ситуација“, истакна за Инфо Компас Иваноски.

Инаку јануарската плата на вработените му е исплатена денеска.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи