Инфо Компас за граѓаните

 

Продолжуваме така како што и започнавме, со професионалност, објективност и пред се вистинитост на сите наши информации. Секогаш ексклузивни, иновативни и навремени. Токму затоа и го заслуживме епитет за портал со најголема доверба кај прилепчани.

Од денеска Инфо Компас продолжува во ново руво, со целосно ребрендирање. Но со тоа не се менуваат нашите главни принципи за тоа дека Инфо Компас продолжува и понатаму да биде граѓанска платформа за „малиот човек“.

Напротив, со „новото руво“ сега даваме уште поголем простор на оние чиј збор често пати воопшто не се ни слуша во општеството.

Му отстапуваме поголем простор на граѓанинот да го каже својот став, своите размислувања, проблеми и оценки за актуелните состојби во кои живееме.

Социјалната мисија на невладиниот сектор од Прилеп и регионот конечно ќе добие видливост и ќе го добие потребниот медиумски простор, со што продолжуваме со нашата цел за застапување на човековите права.

Младите токму тука ќе можат без никаква цензура да ги претстават своите ставови и размислувања. Да се пофалат за тоа што постигнале, да докажат дека нивниот глас вреди да се слушне и да биде почитуван.

Спортистите, уметниците, иноваторите, ќе бидат исто така дел од нашиот главен фокус.

Тука сме секогаш за Вас, граѓаните, отворени за соработка на секое поле!

Освен овие промени за многу кратко очекувајте и други нови содржини од Инфо Компас.

Продолжуваме понатаму заедно!

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи