Максимална парична казна за двајцата битолски гинеколози за скандалот со невработен гинеколог кој учествувал на операција со царски рез

Facebook
Twitter
Email
Print

 

Двајцата битолски гинеколози од денеска се вратија на работата откако беа суспендирани затоа што дозволиле неовластено невработено лице да присуствува во операциската сала при операција за царски рез.

Скандалот во битолската гинекологија се расчисти со максимални парични казни за лекарите, 6 месеци намалена плата за 30 проценти.

Веста за враќањето на работа и изречените казни ја потврди за „Независен“ директорката на Клиничката болница во Битола д-р Билјана Гагачовска.

„Од денес гинеколозите почнуваат на работа, заврши дисциплинската постапка. Комисијата донесе предлог-казна врз која се донесе решение од директор за изрекување на казна за двајцата лекари – максимална парична казна која ја предвидува Законот за здравствена заштита и тоа 30 проценти во наредните шест месеци. Со тоа заврши дисциплинската постапка и завршија причините за времено отстранување од работа“, вели директорката д-р Гагачовска за Неазвисен.

Гинеколозите Михалјо Вангелов и Гоце Чакаровски, на 1 јануари дозволиле невработен гинеколог, странски државјанин да учествува во породување жена со царски рез. Станува збор за сопругата на Вангелов која е специјалист гинеколог, невработена, државјанин на Србија. Случајот во полиција го пријавило друго вработено лице во битолска гинекологија.

Поради скандалот во одделението за гинекологија во Битолската болница полиција поднесе кривични пријави за лекарите до oбвинителството. Против Вангелов, поради постоење на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување и „Фалсификување службена исправа“; и против Чакаровски поради постоење на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување.  А, против А. В (33) од Белград, Србијa, сопруга на првопријавениот, заради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „Надрилекарство“ и кривично дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи