Од денес Пошта ги отвора шалтерите за платен промет

Facebook
Twitter
Email
Print

Започнува функционирањето на платниот промет во „Македонска пошта“. Од денеска  граѓаните ќе можат повторно да ги плаќаат сметките и да вршат други плаќања во готово.

Оваа недела, платниот промет ќе биде достапен во повеќе избрани подружници на Пошта и тоа: во Скопје 1 и Скопје 2,  подружниците во Тетово, Гостивар, Кичево, Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес, Гевгелија, Струмица, Штип, Кочани и Куманово. Во текот на март услугата ќе биде достапна во сите останати единици на Пошта.

Плаќањето во Пошта ќе биде со најниска провизија, и тоа 35 денари за плаќање на сметки и други режиски трошоци, додека висината на провизиите за уплати кон буџетски установи е во зависност од износот кој се уплаќа.

„Со оглед на широката мрежа на експозитури и тоа во места во кои граѓаните немаа друга можност за вршење на трансакции од платниот промет, од Пошта очекуваат дека претпријатието во многу скоро време ќе се врати на првобитната позиција која ја имаше до пред неколку месеци – каде се одвиваше 25 проценти од вкупниот платен промет во државата“, наведоа во соопштение од Халкбанк.

Платниот промет преку Пошта беше прекинат по прогласувањето стечај на Еуростандард банка, која претходно имаше договор за таа намена.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи