ДЗС: Злоупотреба на апликацијата за пописот ќе се казнува според закон

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Пристапот до апликацијата наменета за самопопишување на дијаспората е оневозможен да се користи во Македонија, но граѓани тврдат дека успеале да се регистрираат, иако се наоѓаат на територијата на  Македонија.

Од Државниот завод за статистика велат дека секое нарушување е казниво со Законот за попис. Тие појаснуваат дека внесувањето податоци преку VPN или прикриена IP адреса, односно самото користење таква алатка за внес на податоци во пописот, се смета за спротивно на Законот за попис и методологијата за подготовка, од причина што претставува лажно претставување и лажно давање податоци

„До апликацијата може да се пристапи само со ИП-адреса од странство. Пристапот од Република Северна Македонија е оневозможен токму поради тоа што апликацијата е наменета само за државјаните на РСМ кои живеат надвор од РСМ, но секое нарушување на процесот на прибирање податоци е казниво со Законот за попис, односно согласно член 49 од Законот за попис на населението. Тој што ќе уништи, прикрие, оштети, преправи или на друг начин ќе стори да бидат неупотребливи внесените податоци на пописната апликација, ќе се казни со казна затвор од најмалку три години“, известуваат од Државниот завод за статистика.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи