Конгресот ќе одлучува за промена на името на СДСМ – Социјалдемократи од Северна Македонија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Премиерот Зоран Заев најави дека наскоро и неговата партија СДСМ ќе го смени името, согласно Преспанскиот договор. Според неговите најави, СДСМ – Социјалдемократскиот сојуз на Македонија би можел да се преименува во Социјалдемократи од Северна Македонија, со што би се задржала кратенката СДСМ.

„Ние тоа не можеме да го направиме на Извршен или Централен одбор, тоа го прави конгресот на партијата. Откако се случија уставните промени, сме одржале само еден конгрес, и тоа онлајн. Верувам дека во периодот пред нас ќе постапиме согласно Преспанскиот договор и во СДСМ. Дури дадовме информација во делот на новото име СДСМ – Социјалдемократи од Северна Македонија. Има и други идеи, ние отворено и транспарентно ја отворивме дебата заради тоа што апелираме до сите да постапуваат согласно Уставот и законите и ние секако треба да бидеме пример за тоа“, изјави Заев.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи