ВИДЕО – Здравески: МААК Прилеп најаува водење на радикални национални политики, а се со цел заштита на Македонија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print
Културниот центар „Иван Михајлов“ од Битола, во предстојниот попис виде шанса за забрзување на постапката за бугарски државјанства, се со цел на дополнително разнебитување на Македонското ткиво, а со подршка од претседателот на Бугарија Радев, премиерот Борисов и министрите Захариева и Каракачанов. Истакна на денешната прес конференција Крешимир Здравески, потпретседател на МААК Прилеп.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Секој Македонец или граѓанин на Р. Македонија кој ќе се попише како Македонски Бугарин, иако тоа се коси со националната политика, ќе се здобие со бугарско државјанство по скратена постапка. Нашите сознанија, сознанијата на МААК Прилеп, говорат за масовно пријавување на Македонци во Бугарскиот конзулат во Битола. Се работи за бројка од околу 10 000 до сега, но, загрижува големата бројка на пријавување од страна на нашите сограѓани прилепчани. Со масовно изјаснување на новопечени предавнички Македонски бугари, ќе им се даде можност и да се впишат Бугарите и во Уставот на Р. Маледонија како бројно малцинство, кое со сигурност оваа Влада, предавничка Влада на Зоран Заев ќе го прифати без двоумење.

Во целокупниот предавнички чин, покрај сегашниот премиер Заев, учествуваат и двајца предавнички премиери Бучковски и Георгиевски. Какви монструми ли сме имале како премиери? Брука и срам за секој Македонец и за Р. Македонија. Бугарскиот претседател Румен Радев, ги повика шефовите на националната безбедност да превземат мерки поради наводни повреди на Бугарите во Р. Македонија. Исто така, од тие служби, веќе се превземаат наводни навремени мерки за соодветна заштита на правата на Бугарите во Р. Македонија.

Ова, не само што е мешање на друга држава, во нашата држава, туку е и директна закана кон безбедноста, територијалниот интегритет и Уставот на Р. Македонија. Нашиот државен врв и безбедносните служби мопчат, а молчењето е знак на одобрување.

Браќа и сестри Македонци, не поминува повеќе изговорот дека се пишувате Бугари од економски причини. Никој од нас нема право заради личен интерес да ги урива темелите на државноста, националноста и идентитетот на Р. Македонија. Секој оној кој ќе придонесе кон ова уривање ќе се смета за предавник на родот свој. Со кое право вие ќе им наложите на вашите деца да бидат Македонски бугари, затоа што вие сте сакале некое евро повеќе во вашиот џеб? Еден ден, секој кој се огрешил кон Р. Македонија, ќе сноси соодветна казна.

Драги браќа и сестри, времињата се за сите тешки, пред се економски, тоа било, тоа е и ќе остане, но тоа не значи дека треба да го погазиме нашето достоинство, достоинството на нашите предци, на нашите деца, на нашите внуци и сите идни генерации. Не потклекнувајте кон вакви кукавички потези, туку охрабрете се и сите заедно, да го победиме ова зло и со заеднички сили, да си ја изградиме и да си ја зајакнеме нашата татковина во која ќе живеат нашите деца, врзкаменот што нашите предци го оставиле овде да тежи.

Со оваа реакција МААК Прилеп накавува водење на радикални национални политики, а се со цел за заштита и грижа на секој Македонец и секој оној кој е лојален граѓанин на Општина Прилеп и Р. Македонија. Да живее херојски Прилеп. Да живее Р. Македонија Господ да не чува сите“, рече Здравески.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи