Задолжителен карантин за лица кои доаѓаат од сите јужноафрикански земји

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Министерството за здравство ја информира јавноста дека Комисијата за заразни бoлести ќе предложи задолжителен домашен карантин од 14 дена за лица кои доаѓаат од сите африкански земји.

„Во текот на утрешниот ден, МАНУ ќе изврши анализа на брисеви на двајца пациенти ковид позитивни кои се вратиле од патување од Занзибар.

Пациентите се хоспитализирани веднаш откако ги пројавиле првите симптоми на вирусот СарсКОв2.

Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести согласно актуелната епидемиолошка слика и анализите на Институтот за јавно здравје, не ја исклучуваат можноста да се донесат препораки за нови мерки со цел спречување на понатамошно ширење на КОВИД-19 вирусот.

Апелираме до граѓаните задолжително да ги почитуваат здравствените мерки и протоколи, како носење маска, одржување хигиена на раце и држење дистанца“, се вели во соопштението на МЗ.

До овој момент во земјава се уште не е детектирано присуство на јужноафриканскиот сој на вирусот.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи