Здружение на туристички водичи: Катастрофална ситуација, револтирани сме, ако не добиеме помош може да згасне оваа професија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Претставник на Здружението на туристички водичи во Македонија, Елвир Садиковиќ за ТВ 24 кажува дека туристичите водичи претрпуваат големи финансиски загуби и го искажува револтот за тоа што не се вклучени во петтиот пакет на еконмски мерки на Владата и за тоа што не се приоритетна група за вакцинирање.

„Протоколите се многу важни. Мораме да се внесеме и во категоријата за вакцинирање, затоа што без тоа нема да можеме да ја вршиме нашата дејност. Над 1.000 туристички водичи има во Македонија, дел не се активни, затоа што се вработени во туристичките агенции. Од таа бројка околу 30% се активни. Ние до октомври лани не бевме вклучени во пакетот на економски мерки на Владата. Сепак, успеавме во четвриот пакет мерки, но во петтиот пакет мерки сме повторно изземени. Ситуацијата во овој сектор е катастрофална, револтирани сме, во тешка финансиска состојба сме, доколку не ни помогнат, може и да згасне оваа професија“, кажува вели Елвир Садиковиќ, Здружение на туристички водичи во Македонија во Студио 10 на ТВ24.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи