Фридом хаус: Македонија и натаму е делумно слободна земја

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Во најновиот годишен извештај на Фридом хаус „Слободата во светот“ кој се однесува на политичките права и граѓанските слободи во минатата година, Македонија и натаму е во групата на земји со делумна слобода.

Со добиените 66 поени од можните 100 во 2021 година, земјава забележала мал напредок во однос на лани, кога Фридом Хаус политичките права и граѓанските слободи ги оценил со три поени помалку.

Во забелешката за Македонија се наведува дека институциите во голема мера се опоравија од штетата нанесена од поранешниот премиер во бегство, Никола Груевски, а исто така се додава дека владата на премиерот Зоран Заев го смени долгогодишното демократско уназадување, но на земјата и понатаму ѝ се ускратува шансата да стане членка на Европската унија.

Но и покрај постепениот напредок, од Фридом Хаус најмногу забелешки наоѓаат за владеењето на правото во земјава. За транспарентноста, слободата на изразување и корупцијата во Северна Македонија, минатогодишните средишни оценки остануваат и за годинава. Се наведува дека медиумите и граѓанското општество се вклучени во интензивниот јавен дискурс, но новинарите и активистите и натаму се соочуваат со притисоци и заплашувања.

Во периодот од 2017 година до денес, Северна Македонија бележи подобрување за девет поени и повисоко рангирање на листата на Фридом Хаус.

Во истата група со Македонија меѓу другите се и: Ерменија, Босна и Херцеговина, Грузија, Унгарија, Косово, Молдавија, Црна Гора, Србија и Украина. Од регионот во групата слободни земји се најдоа Бугарија, Хрватска и Романија.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи