Катастрофална образовна криза: 168 милиони деца не одат на училиште поради короната

Facebook
Twitter
Email
Print

 

Студија на УНИЦЕФ покажува дека после 1 година од пандемијата над 168 милиони деца во светот се исклучени од настава поради мерките за сузбивање на пандемијата на коронавирусот.

Извршната директорка на УНИЦЕФ, Хенриета Форе во Њујорк оцени дека поради карантините во светот има настапено „катастрофална образовна криза“.

Според извештајот „Ковид-19 и затворањето на училиштата – една година без училиште“, 14 држави во светот од март 2020 година до февруари 2021 година се наоѓале главно во карантин.

Во училиштата децата комуницираат со врсниците, добиваат поддршка, имаат пристап до здравствени услуги и вакцини, а добиваат и оброк. Најмногу загрозените деца, како и децата без пристап до настава на далечина, се изложени на ризик да не се вратат веќе на училиште, да склучат детски бракови или да бидат приморани да работат, соопшти УНИЦЕФ.

„Најзапоставените деца ја плаќаат највисоката цена. Не смееме да не правиме обиди за отворање на училиштата“ – кажува Форе.

УНИЦЕФ во Њујорк ја откри инсталацијата „Пандемиска училница“, односно модел на училница со 168 празни клупи. Секоја од клупите е симбол за 1 милион деца кои живеат во земји каде училиштата се речиси постојано затворени веќе цела година.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи