Маж кој се вратил од патување во Занзибар хоспитализиран со корона во Струга

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Директорот на болницата за нефрологија во Струга, доктор Александар Попоски, за „Слободен печат“ потврди дека од Битола му бил препратен пациент кој бил на патување во Занзибар, Африка и потоа со позитивен корона тест завршил во болница. И сопругата на пациентот била хоспитализирана во Скопје.

„Има еден пациент кој ни дојде од Битола ненајавено. Во петокот слетал од Истанбул од Танзанија. Таму бил 15 дена со сопругата и 2 дена пред да дојде кај нас кренал температура. Дојде со висок креатинин и со позитивен тест на коронавирусот, без да ни кажат од битолската болница дека патувал во Африка, со што постои ризик. Вчера инсистиравме да се префрли во 8 Септември. Уште го немам вклучено на дијализа, стабилен е. И неговата сопруга била хоспитализирана во Скопје“, кажува доктор Попоски.

Егзотично патување во рајскиот Занзибар, на какво што периодов одат десетици туристи од Македонија, може да го донесе јужноафриканскиот сој на коронавирусот во земјава.

Хрватските здравствени власти веќе потврдија дека имаат коронавирус од јужноафриканскиот сој поради овие патувања во Африка, но тоа за нашите туристички агенции не претставува проблем да организираат двонеделни патувања на рајските песочни плажи. За околу 1.000 по лице и без ПЦР тест, патувањето во Занзибар периодов актуелно помеѓу Македонците. Една група на патници се врати на крај месец февруари, друга ќе тргне на крај на март.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи