72 пациенти се лекуваат на Ковид одделението во Прилеп

 

 

Според извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа за пациенти со корона вирус кои се на болничко лекување, ова е статистиката заклучно со денес, 3. Март:

  • Куманово: хоспитализирани 73 пациенти;
  • Прилеп: хоспитализирани 72 пациенти;
  • Охрид: хоспитализирани 56 пациенти;
  • Штип: хоспитализирани 38 пациенти;
  • Битола: хоспитализирани 28 пациенти;
  • Велес: хоспитализирани 25 пациенти;
  • Струга: хостипализирани 20 пациенти;
  • Тетово: хоспитализирани 16 пациенти;
  • Гостивар: хоспитализирани 12 пациенти.

 

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 750 и има околу 360 празни болнички кревети во ковид центрите. Во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

До моментов, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи