ВИДЕО – Зима во Валаам – еден од најубавите руски манастири

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Погледнете како изгледа во зима еден од најубавите манастири во Русија – Валаам, кој уште го нарекуваат и Руска Светска Гора или Северна Земја. Се наоѓа на остров во езерото Ладога, до границата со Финска.

 

 

Според некои извори манастирот Валаам бил основан за време на Апостол Андреја. Денес, како датум на основање се споменува 1407 година. Друга теорија вели дека грчки монах од 10 век Сергеј Валаамски го основал манастирот со својот другар Херман. Валаамскиот манастир бил најсеверната точка на Правослвната црква. Во 16 век за време на Руско-шведската војна, бил разурнат од Швеѓаните, кога биле убиени и многу монаси од манастирот. Напади од Швеѓаните имало и во 1611 и 1715 година, кога манастирот бил и изгорен.

 

Границата во тоа време била на средина на езерото Ладога. Во 18 век манастирот бил обновен, а во 1812 година влегол во рамките на Големото кнежевство Финска, кое било дел од Руската Империја. Во 1917 година,Финска станува независна, а Финската православна црква која претходно била под  Руската Патријаршија станала автономна под Цариградската Патријаршија. Така, Валаамскиот манастир едно време бил најважен храм на Финската православна црква. Литургијата од црковнословенски јазик се променила на фински, а календарот од јулјански на грегоријански. Овие промени беа спорни за монашката заедница во манастирот.

 

За време на Втората светска војна Финците го евакуирале манастирот, кога 150 монаси побегнале во внатрешноста на Финска, и основале Нов Валаамски манастир во градот Хејнавези (Heinävesi), кој денес е единствен православен манастир на Финската православна црква. По падот на комунизмот Валаамскиот манастир во 1989 година бил под покровителство на рускиот патријарх Алексиј II, кој често го посетувал манастирот.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи