Епидемиолог Даниловски: Патување во странство во моментов е непотребен ризик по здравјето

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Сојот на корона од Јужна Африка е регистриран во најмалку 20 други земји, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Австрија, Норвешка, Јапонија, Словенија и Хрватска. Епидемиологот професор доктор Драган Даниловски за „Слободен печат“ вели дека овој сој полесно се шири, а испитувањата до овој момент не кажуваат со сигурност во која мера делуваат вакцините.

„Сојот на корона вирусот полесно се шири и вакцините може да не се ефикасни против него. Прерано е да се каже со сигурност во која мера делуваат вакцините против оваа варијанта, додека не бидат завршени повеќе тестови, иако не е многу веројатно дека мутациите ќе ги направат вакцините сосема бескорисни. “ изјавува тој.

Околу патувањето за време во пандемија, тој кажува дека ризикот е непотребен и дека се потребни мерките за тестирање при влез во Македонија за сите патници кои доаѓаат од земјите кои се регистрирани со овој сој.

„Сметам дека би било мудро сите патници од земјите во кои е регистриран овој сој, да се тестираат на влез во земјата. Патување во странство, било каде, во моментов сметам дека претставува непотребен ризик по здравјето“ предупредува професор Даниловски.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи