Заев со ново предвидување: До крајот на март ќе пристигне првата пратка од Фајзер

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Премиерот Зоран Заев рече дека е постигнат договор со компанијата Фајзер и оти се очекува до крајот на март во земјата да пристигнат 21 илјада дози вакцина од Фајзер.

„Договорот со „Фајзер“ е постигнат. Во првото тримесечје, тоа значи дека некаде кон крајот на март, ќе ги добиеме тие 21.000 дози вакцина Фајзер, во второто тримесечје ќе добиеме уште повеќе, а во третото   уште повеќе вакцини“, рече Заев.

Заев најави дека веднаш после првата пратка од Фајзер треба да пристигнат и кинеските и руските вакцини.

„Веќе имаме во вториот квартал поголеми количини, третиот и четвртиот се најголемите количини. Не се работи за несериозност, заради тоа што знае целиот свет, знае целиот македонски народ дека единствена причина е недостигот на производство во делот на количините на вбакцини за било која вакцина и да се работи. Ние сме мала земја и сакам да го осигурам и да му гарантирам на нашиот народ дека како Влада, како МЗ имаме направено повеќе од тоа што е доволно. Имајќи во предвид дека ќе треба 1 милион народ од прилика да се вакцинира за да ја постигнеме имунизацијата, за којашто би било потребно да има 2 милиони вакцини, вие ако ги броите 800 Фајзер, 833 ковакс механизмот, 400 илјади имаме од Кина, 200 илјади имаме нарачано од Русија, имаме дополнително од ЕУ согласно грантот од 70-те милиони евра, донациите коишто диполнително ги најавија сите соседи, стигаме до 2 ипол милиони вакцини“, кажа Заев.

Инаку, Македонија досега има обезбедено само 8.190 дози вакцини против Ковид-19. Вакцини „Фајзер“ беа дадени како донација од Србија и беа користени за вакцинирање на здравствениот персонал.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи