JosS во новиот подкаст на ROOMANIA

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Аудио серијалот на диџеј миксови Roomania ја објави втората епизода од сезоната насловена “Cave of hands”, на платформата SoundCloud. ”Cave of hands” или ”Пештера од раце”, ја симболизира временската оддалеченост од живите клупски настани каде дигнатите раце беа синоним за добра забава. Во новата епизода гостин е Стефан Јосифовски –  DJ JosS од Битола.

https://soundcloud.com/room-313/roomania-s01e02-joss

Уникатен избор на музика и одличен стил на миксање се работи кои го одликуваат JosS. Посебно внимание посветува на деталите на звукот, без посебни придржувања кон одреден стил. Особена пасија има кон собирање плочи, а со тоа непрекинато ја надоградува домашната колекција. Работи на авторска музика и наскоро се очекува негово издание. Се појавува како дел од тимовите на промотерските организации Акто, Хауз и Пирка.

Следната епизода излегува за две недели. Повеќе информации за аудио серијалот ”Cave of hands”, како и преслушување на претходни и следни епизоди може да следите на soundcloud профилот на Roomania и социјалните мрежи на Room 313.

https://soundcloud.com/room-313/sets/roomania-episodes

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи