ВИДЕО – Аризанкоски: Во Прилеп за време на пандемијата има отпуштања од работа и прекршување на Законот за работни односи

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Здружението Достоинствен работник во рамките на проектот за „Социекономските ефекти од влијанието на ковид-19 во неформалната економија во општина Прилеп“ е дел од регионален проект кој го спроведува фондацијата „Отворено општество“ Македонија и тие регрантирани организации кои помагаат во делот на повиците за поддршка, помош и советување од неформалната економија и заштита од ковид-19. Целта на овој проект, е да се унапредат работните услови кај работодавачите во однос на пандемијата, а исто така да се испочитуваат мерките и протоколите кои се донесени од страна на Владата, а со тоа да ги конкретизираат и целите во самите организации и компании, кои треба да им понудат поголема заштита од ковид-19 на работниците.

 

 

„Со десегашните активности во овој проект увидовме дека состојбата во Општина Прилеп е навистина на едно завидно ниво, треба да се зголемат капацитетите кај работодавачите во однос на заштитата, а исто така имаме проблеми и јавувања на самите ковид броеви кои се доставени од наша страна до работниците, во однос на прекршувањето на Законот за работни односи и Законот за антидискриминација, а исто така имаме и случаеви кои се јавуваат при Законот за безбедност и здравје при работа. Воедно Здружението во текот на наредните месеци ќе презема советодавни препораки во однос на безбедност и здравје при работа на работниците во компаниите, поточно компаниите кои се во нашата општина, а исто така ги повикуваме и самата Општина со иницирање на локалниот економски социјален совет да се формира ова тело, за да можеме подетално да ги презентираме заклучоците и препораките од овој проект кои треба во иднина да се преземаат и да се преточат во новиот Закон за работни односи“, вели Рубинчо Аризанкоски, координатор на проетот.

Пандемијата влијаела и врз отпуштања од работа, особено во ТИРЗ зоната во Прилеп. Од Здружението Достоинствен работник бараат целата ситуација во тие компании да се испита со посредство на Државниот инспекторат за труд.

„Социоекономските последици од ковидот се тоа што имаме голем број на отпуштања на работници, имаме информации дека минатата недела во дел од компаниите кои се во ТИРЗ има отпуштање на работници, а со тоа се доведува и тешката финансиска состојба на самите работници кои се борат со секојдневните егзистенцијални потреби и проблеми. Со тоа да им се даде можност да го пријават нештото и во соработка со Државниот инспекторат за труд да ја увидиме состојбата на тие компании, а исто така да се преземат и поголеми заштити во однос на унапредување на работните услови и работните права, со цел да се овозможи поголем пристап до информации, а исто така и поголема заштита на самите работници“, вели Аризанкоски.

На самите ковид броеви кои биле достапни и објавени на социјалните мрежи и на веб страната, досега се пријавииле околу 35 работници од различен сектор од неформалната економија, особено од угостителскиот, занаетчиството и домашните работници.

„Домашните работници моментално не се во институционалниот систем, но сепак тие си ја бараат поддршката и советувањето за тоа како да влезат во самиот Закон за работни односи, а со тоа и да им се помогне во институционалниот систем, поточно да бидат евидентирани како лица кои се дел од неформалната економија и со тоа да бидат осигурани според Законот за здравствено и пензиско осигурување и самиот Закон за безбедност и здравје при работа“, додаде Аризанкоски.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи