ВИДЕО – Смилеска : Вчера имавме технички прием за модуларната болница, останува ние да доведеме струја и кислород

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Од денеска прилепската општа болница има нов директор. На местото на хирургот Драган Богоески, назначена е поранешната пратеничка Кети Смилеска. Смилеска истакна дека за кратко време ќе го претстави својот план за развој на болницата. Денеска истакна само кратко изјави дека поради зголемениот број на ковид пациенти вчера имале технички прием за модуларната болница, а сега останувало тиие да доведат струја и кислород до објектот.

 

 

„Поради тоа што бројките покажуваат дека очекуваме поголем наплив на пациенти во следните денови, напорот и насоките се во смисла на подготовка на објекти за згрижување на пациенти, да може да го оспособиме новиот дел, односно модуларната болница. Вчера имавме технички прием од страна на Министерството за труд и социјална политика и Министерството за здравство. Нивниот дел е завршен, останува нашата обврска да доведиме електрична енергија и довод на кислород. Во моментот немаме нови одделенија како Ковид центри, во тек сме во преговори со началниците на одделенијата да ги активираме доколку има потреба. Се надеваме дека нема да има потреба, но стојат на располагање и подготвени се и другите одделенија“, истакна Кети Смилеска, директорка на општа болница Прилеп.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи